Катастрофа за време на полетувањето на руската ракета „Сојуз“: Погледнете како астронаутите вешто избегнаа сигурна смрт

Точка

12/10/2018

09:30

4.861

Големина на фонт

а а а

Екипажот на „Сојуз“ мораше да изврши принудно слетување после дефектот кој што се случи за време на полетувањето на ракетата од космодромот во Казахстан.

Екипажот на ракетата „Сојуз МС-10“ – рускиот астронаут Алексеј Овчинин и неговиот американски колега Ник Хејг успешно се приземјија во Казахстан после хаваријата на руската ракета. Како што пренесуваат руските медиуми, од екипажот успешно успеале да воспостават контакт со службите на космодромот Бајконур.

„Приземјувањето помина во најдобар ред“, изјави шефот на комитетот за вондредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Казахстан, Владимир Бекер, а во меѓувреме спасувачките екипи ги пренеле во болница двајцата астронаути.

Засега не е утврдено точното место на падот на првиот и вториот степен од ракетата „Сојуз“ која што требаше да ги пренесе астронаутите до Меѓународната вселенска станица. Исто така, казахстанските власти се уште не располагаат со информации колкава количина на керозин истекла при хаваријата на ракетата.

Како што пренесуваат руските медиуми, до хаваријата дошло за време на одвојувањето на првиот степен на ракетата. За Овчинин ова било втор лет во вселената, додека за Американецот Хејг тоа било првиот лет – според планот, двајцата астронаути требало да поминат во вселената 187 дена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг