Дете одбило да има секс, па соседката го унаказила: Го затворила и ги горела неговите гениталии

Точка

11/10/2018

12:30

3.306

Големина на фонт

а а а

Педофилка од Индија е обвинета поради држењето во заробеништво на 13-годишно дете во својата куќа и нанесување на изгореници со вжештени клешти на неговите гениталии, откако тоа одбило да има секс со неа.

Мајката на детето открила за тамошните медиуми дека соседката, која што после инцидентот побегнала и е недостапна за полицијата, во повеќе наврати сексуално го вознемирувала нејзиниот син.

„Омажена девојка во доцни 20-ти години, го намамила момчето во својот дом минатиот петок, откако останала сама“, стои во соопштението на тамошната полиција и се додава дека е обвинета за нанесување на повреди на детето, киднапирање и заплашување.


Инаку, во вторникот 40-годишен маж ја убил својата сопруга која што одбила сексуално да го задоволи него и неговиот пријател во индиската држава Утар Прадеш.

Во сличен инцидент кој што се случил во април оваа година, 21-годишен маж киднапирал и убиле 7-годишно момче откако тоа одбило да има сексуални односи со него во Делхи, Индија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг