Ова е првиот хардвер на Фејсбук: Дали може да му верувате на Закерберг?

Точка

10/10/2018

16:37

1.017

Големина на фонт

а а а

Од Фејсбук се надеваат дека и покрај големите скандали со протекувањето на лични информации на корисниците, сепак нивниот нов хардвер наменет за видео повици ќе има успех на пазарот.

Денес имаме бројни можности за видео комуникација – од Skype, Viber, FaceTime и други сервиси, но голем број на луѓе го користат токму Фејсбук, односно Messenger, па за таквите корисници од најголемата социјална мрежа ги претставија двата паметни екрани кои се примарно наменети за видеоразговори, Portal и Portal Plus.

Разликата во однос на моделите на конкуренцијата е во вештачката интелигенција која што управува со паметната камера и ги следи корисниците додека шетаат низ домот, го менува кадарот во зависност од ситуацијата, ги брои луѓето кои се пред камерата, нивното движење и слично.


Според тоа што може да се види, мора да се признае дека инжинерите на Фејсбук завршиле одлична работа. Наместо како досега да држиме телефон во раката додека зборуваме, уредите на Фејсбук се прилагодуваат на ситуацијата и го следат корисникот, за повик доволно е да се каже “Hey, Portal, cal…”, уредот поддржува Alexa, а наскоро ќе поддржува и Google Assistant.

Сите процеси ќе се одвиваат на самиот уред, а од Фејсбук тврдат дека камерата иако ќе може да ги идентификува корисниците, сепак нема да се испраќаат таргетирани огласи, а нема ниту да ги идентификува производите кои што се наоѓаат во просторијата.

Закерберг и екипата веруваат дека ова ќе биде доволно за корисниците да му дадат шанса и да го купат уредот, без да стравуваат за својата приватност. Двата уреди инаку доаѓаат со ист хардвер и се разликуваат единствено по големината на екранот (10,1 и 15,6 инчи) и секако по цената. Portal ќе се продава по цена од 199 долари, додека пак Portal Plus ќе чини 349 долари. Уредите може да се нарачаат сега, а испораката започнува веќе следниот месец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг