Бидете отпорни на вируси: Направете го овој пијалок и ќе бидете здрави како дрен

Точка

10/10/2018

09:30

2.293

Големина на фонт

а а а

Сезоната на настинки и вируси е пред нас, но со овој пијалок можете да бидете сигурни дека вашиот имунитет ќе биде подготвен да ве одбрани од сите болести.

Оваа „бомба“ од здрави состојки се прави многу лесно, а еве го и рецептот.

Состојки:

- Ѓумбир
- 3-4 Каранфилчиња 
- Цимет
- 1 Лимон
- Мед
- 4dl. Вода 


Подготовка:

Излупете го, па изрендајте го ѓумбирот, и заедно со каранфилчињата и циметот ставете го во ладна вода. Потоа, ставете го да се готви на тивок оган, десетина минути.

Тргнете го од оганот, преклопете го садот и оставете го уште 20-тина минути да одстои.


Истурете во шолја, по желба засладете со мед и исцедете малку лимон.

Пијте го топол овој пијалок.

Ќе почувствувате како ѓумбирот ви го грее телото, ви ги отвора синусите и ви ја зголемува циркулацијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг