Нѝ требаат ли автомобили за жени?

Точка

09/10/2018

15:37

503

Големина на фонт

а а а

"Зошто при дизајнирањето на автомобили не размислуваме за потребите на жената?", се запрашала шефицата на "Citroen" на саемот за автомобили кој се одржа во Париз минатата недела.

Линда Џексон која во јуни 2014 година стана првата жена на чело на автомобилската компанија, на "Paris Motor Show" укажала на потребата од свртување на автомобилската индустрија кон жените во смисла на подобро прилагодување на автомобилите кон жените кои го сочинуваат 50 отсто од пазарот, но и вработување на поголем број жени во индустријата. 


"Важно е да се вработат повеќе жени во автомобилската индустрија бидејќи и ние поминуваме голем дел од времето во автомобил. Зошто тогаш не би учествувале во донесување на одлуки?", изјавила Линда за "BBC" и ја објаснила разликата во размислувањето помеѓу машките и женските клиенти.

"Мажите седнуваат во автомобил и го носат на пробно возење бидејќи најмногу ги интересира моќноста на моторот. На жената ѝ е важна и внатрешноста на автомобилот и чувството на безбедност во него".


Со цел подобро да ја долови таа разлика во размислувањето, Џексон навела и еден банален пример со кој ќе се поистоветат поголемиот дел од женските возачи.

"Сакам да возам, но кога ќе влезам во автомобил прво нешто што се прашувам е каде да ја ставам својата чанта", изјавила шефицата за "BBC". Поради горенаведеното, таа смета дека "еволуцијата" кон жените купувачи и поголемата застапеност на понежниот пол во ваквата индустрија е повеќе од потребна и верува дека тоа би ја зајакнало продажбата.

"Оваа индустрија ќе доживее коренити промени во следната деценија во споредба со минатите 20 години", најавила Линда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг