Британскиот весник "Times" објавил текст со наслов "Џихадистите на ИСИС се вратени на Косово и подготвени се да умрат за калифатот" во кој се наведува дека, според тоа што им е познато на властите во Приштина, од 2012. година 348 возрасни лица заминале во Сирија да се приклучат кон ИСИС.
Дневникот наведува дека "многумина загинале таму, но и многумина се вратиле", а дека "во отсуство на кохерентен програм за дерадикализација, затворениците излегуваат од затвор и остануваат верни на ИСИС".
Меѓу оние кои сега се на слобода е и Фитим Љадровци, кој како 24-годишник гледал како некој Сириец го врзуваат за столб и го разнесуваат со ракетен фрлач. Се наведува дека "убиец бил Љавдрим Мухаџери, озлогласен косовски Албанец, кој бил означен дека претставува меѓународна терористичка закана пред да биде убиен со дрон".
"Калифатот не е завршен. Неговата приказна само што започна. Сакам да направам Исламска држава на Косово и со задоволство ќе умрам во поддршката за тоа", рекол Љадровци минатите недели, четири месеци откако бил пуштен од затвор.
"Times" наведува дека косовските Албанци учествувале во неколку неодамнешни терористички заговори и дека "шест косовски Албанци, мажи и жени, биле уапсени во јуни минатата година на Косово и во Германија поради учество во два заговора кои како мета имале единици на НАТО на Косово и цивили Белгија и Франција", а потсетува и дека "еден месец претходно осум лица биле уапсени на Косово поради заговор кој имал за цел убиство на израелски фудбалери".