Актерката никогаш поискрена: "Можеби мојата поента во животот не е раѓањето"

Точка

02/08/2018

15:28

7.674

Големина на фонт

а а а

Не можат да ѝ "простат" што изгледа идентично како и во времето кога ја снимаше серијата "Friends", а јавноста се' помалку верува и дека е рамнодушна на љубовните бродоломи.

Неодамна, Џенифер Анистон го даде најискреното интервју во својата кариера за американското списание "InStyle". 


"Сите тие претпоставки и гласини дека "не знам како да ги задржам мажите во мојот живот" се луди. Исто така, зборуваат и дека одбивам да родам дете бидејќи сум себична и свртена само кон кариерата. Секако, се пишува и дека моето срце е скршено. Со цела почит, тоа не е точно. И уште една работа - сите тие безобѕирни коментари се само претпоставки, никој не може да знае што се случува зад затворени врати", признала актерката во интервјуто.


Она за кое најмногу се пишува е фактот дека таа нема деца, а честопати ја споредуваат со поранешната партнерка на Бред Пит - Анџелина Џоли, која има шест деца.

"Не знам како никому не му паѓа напамет дека тоа е чувствителна тема. Никој не знае низ што сум поминала во животот, од медицинска и емотивна гледна точка. Постои тој огромен притисок врз жените да станат мајки, а доколку не го направат тоа, на нив се гледа како оштетена роба. Можеби мојата поента во животот не е раѓањето. Можеби треба да се занимавам со други работи?", заклучила Џенифер за "InStyle".