На убавата актерка Ева Лонгорија, животот потполно ѝ се промени, кога на крајот на јуни стана мајка. На свет донесе син, на кој му го даде името Сантијаго Енрике Бастон, а тој на два месеци ја направи првата фотосесија за насловна страница.
Ева со својот наследник го краси роденденското издание на магазинот „Hola!“, за кој открила дека ужива повеќе од било кога во животот.
Најпознатата „домаќинка“ на светот, синот го доби во бракот со медиумскиот магнат Пепе Бастон, а околу бебето најмногу помагаат неговите деца од претходниот брак.
„Тие две уште од самиот почеток се вклучени во животот на малиот брат. Сите сме среќни, полни со љубов и радосни“, рекла Ева.















