Децата на принцот Хари нема да го носат неговото презиме, еве и зошто

Точка

02/08/2018

12:31

6.795

Големина на фонт

а а а

Откако ја направија венчавката на годината, принцот Хари и Меган Маркл, наскоро би требало да ги израдуваат Британците со веста за очекувањето на првото дете.

Британските медиуми и обожаватели на кралското семејство, нетрпеливо очекуваат деца од познатиот пар, а веќе почнаа шпекулации за нивниот изглед и имињата.


Околу бременоста засега нема ништо, но некои детали за животот на децата на Меган Маркл и принцот Вилијам, веќе се познати. Многу е веројатно дека нема да бидат принцови и принцези, туку ќе ја имаат титулата господар и дама. Исто така, женските деца нема да го наследат војводството, бидејќи тоа по правило им припаѓа само на машките деца.


Децата веројатно ќе се презиваат Сасекс, односно тоа ќе биде презимето кое ќе го користат кога ќе почнат да одат во училиште. Децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлетон, го користат презимето Кембриџ, а Вилијам и Хари за време на школувањето го користеле презимето Валс, бидејќи тоа била идната титула на нивните родители.