Од сега не мора да ја купите шминката на Кајли Џенер за да ја испробате

Точка

02/08/2018

12:31

3.477

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на својот 21-ви роденден, кој е на 10-ти август, бјути убавицата Кајли Џенер ја издаде новата колекција на козметика. Покрај тоа, со помош на филтрите на Инстаграм можете да ја испробате колекцијата целосно бесплатно.

Сѐ што треба да направите за да дојдете до филтрите е да ја заследите Кајли на Инстаграм профилот.

birthday mood ? #21COLLECTION

A post shared by Kylie Cosmetics (@kyliecosmetics) on

Начинот на кој филтрите функционираат е таков што виртуелно ви покажуваат како би изгледале со одреден производ на вашето лице, односно колку би одговарал производот на вашиот тен, боја на очи, форма на уста.. Засега на филтрите се достапни само руменилата.

Инаку, Кајли Џенер, по повод нејзиниот роденден, во продажба има прилично голема колекција на шминка, која содржи дури четири сетови со руменило во различни нијанси, палета со сенки за очи, три течни сенки за очи и еден туш за очи.