Е ова е професионализам: Манџукиќ го истурка фотографот, тој му направи неверојатни фотографии

Дерби

12/07/2018

17:26

3.522

Големина на фонт

а а а

Херои се сите фудбалери на „Коцкестите“, а еден од најзаслужните за ваквиот подвиг беше напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ кој со голот во 109. минута го донесе толку посакуваното финале за Хрватите.

Напаѓачот веднаш потоа истрча кај корнер знаменцето каде со своите колеги жестоко го прославија погодокот, а од прославата „настрада“ еден фотограф, кој начека одлична позиција па ги направи можеби најдобрите фотографии на Мундијалот во Русија.

Фотографот по прославата доби извинување од Манџукиќ, а Домагој Вида дури и го бакна.

Целата сторија испратена преку видео и фотографии погледнете ја во продолжение:



Спонзорирани линкови

Маркетинг