Димитров: Унијата не може да нѐ користи за одвраќање на бегалците, не сме дел од ЕУ

Макфакс

12/07/2018

15:45

246

Големина на фонт

а а а

Балканските земји кои не се дел од ЕУ, не може да се искористат за да се одвратат мигрантите, изјави министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров во интервју за водечкиот германски дневен весник „Дие Велт“.

„Засега имаме два транзитни центри. Информациите за создавање на дополнителни центри во нашиот регион се шпекулации. Ние никогаш не сме добиле формално барање. Не можете да побарате од балканските земји да сносат таков товар, ако не се дел од ЕУ. Мислам дека ќе бидеме многу цврсти по ова прашање Ние ќе ја покажеме нашата целосна солидарност, но тогаш кога ќе станеме дел од ЕУ. Унијата не може да го користи Балканот за одвраќање на бегалците. Како што кажавме, ние сме транзитна земја. Оние кои ќе пристигнат кај нас, потоа продолжуваат кон земјите-членки на ЕУ“, рече Димитров.

Коментирајќи ја улогата на европските земји во затворањето на т.н. балканска рута, Димитров потврди дека во моментов ситуацијата со мигрантите на Балканот е поинаква.

„Да нивниот број опаѓа. Имаме два транзитни ценнтри-едниот на север и другиот на југ. Секојдневно добивам извештаи. Бројот на мигрантите значително се намали“, изјави Димитров.

По повод плановите на Берлин за склучување на билатерални договори за враќање на мигрантите, министерот повтори дека Македонија е транзитна земја и малкумина би побарале азил во нејзините граници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг