Компир-вулкан: Феноменален специјалитет кој сигурно не сте го пробале досега

Точка

12/07/2018

12:31

1.170

Големина на фонт

а а а

Најдобрите јадења од компири настануваат така што го длабите компирот, па го полните со нешто неодоливо вкусно. Во овој случај, станува збор за непогрешлива комбинација од кашкавал и тенки парчиња шунка или сланина.

Припремата е многу едноставна: потребни ви се полусварени компири (со лушпа) кои ќе ги издлабите во средината, ќе ставите едно парче кашкавал и ќе ги замотате со шунка.

Компирот треба да го печете на температура од 200 степени Целзиусови околу половина час. По желба можете да го премачкате компирот со сос за скара и да го вратите во рерна да се потпече уште десетина минути.

За целосен "лава-ефект", изматете кисела павлака со лут сос, прелијте ја врз печениот компир и украсете ја со сечкан млад кромид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг