Видео: Во сообраќајката на „Партизанска“ тешко е повреден 65-годишен маж од Волково

Макфакс

12/07/2018

12:05

3.106

Големина на фонт

а а а

65-годишниот Д.Б. од селото Волково е тешко повреден во сообраќајната несреќа која што се случи синоќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Тој е пренесен и задржан на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата потврди дека три лица се повредени во сообраќајната несреќа која што се случи во 19,55 часот на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ меѓу „бмв“ управувано од Б.Т.(29) од Скопје и „мерцедес“ управуван од К.И. (65) од Скопје.

Покрај пешакот од Волково, со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В.(40) и В.И.(56). Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг