"Не се враќа дома, вие се враќате дома", Хрватска во финале, а Англичаните главна мета на потсмев

Точка

12/07/2018

10:02

6.799

Големина на фонт

а а а

Синоќа се случи неочекуваното, Хрватска ја победи Англија во полуфиналето во Русија, па социјалните мрежи ги исмеваат Англичаните со реченицата "фудбалот не се враќа дома".

Хрватската фудбалска репрезентација си обезбеди место во финалето на Светското фудбалско првенство во Русија и во недела ќе се бори против Франција за светската титула. Синоќа Англичаните, кои постојано повторуваа една иста реченица, "се враќа дома, фудбалот се враќа дома", сега станаа мета на "тролови", па по тој повод направени се смешни илустрации кои станаа вирални на Интернет.

Твитер одлучи да се погрижи Англичаните добро да ја запомнат 2018 година и да знаат дека "не се врати дома" и тоа поради една мала, но сепак голема Хрватска. Погледнете што сè се појави синоќа на социјалните мрежи.

😂😂😂😂😂😂😂

A post shared by Delpiero Kingdom (@delpiero_kingdom) on

oops #engcro #itscominghome

A post shared by Panic! At The Greenie (@greeniecarrot) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг