Објавена шокантна снимка од сообраќајната несреќа на Џорџ Клуни

Точка

11/07/2018

17:16

4.232

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Џорџ Клуни во вторникот доживеа сообраќајна несреќа на Сардинија, по што завршил на лекување во болницата "John Paul II". Италијанскиот медиум "Corriere Della Sera" го објави видеото од несреќата која ја снимила сигурносната камера во близина.

На снимката се гледа шокантниот момент кога актерот кој возел мотоцикл, директно се судрил со автомобил, а медиумите тврдат дека очигледно Клуни возел со голема брзина. Од јачината на сударот, Џорџ паднал на асфалтот и пробал да се помрдне, а набрзо му пришол возачот на автомобилот кој учествувал во несреќата. 

"Господинот Клуни има модрици по рацете и нозете и повреда на коленото", изјавиле од италијанската болница. Гласноговорникот на актерот изјавил за списанието "People" дека лекарите го прегледале Клуни и го пуштиле на домашно лекување.


"Тој закрепнува во друштво на семејството и се чувствува добро", додал тој.

Порталот "La Nuova" објавил фотографија на која се гледа дека е скршено ветробранското стакло на автомобилот, за кое се претпоставува дека актерот удрил директно во него.


Џорџ, неговата сопруга - адвокатката Амал и едногодишните близнаци Александар и Ела, моментално живеат на Сардинија каде актерот го завршува снимањето на "Catch-22". Со него моментално се и неговите родители, Нина Брус Ворен и Ник Клуни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг