Нацрт-заклучок на НАТО: Решивме да ја поканиме Владата во Скопје за преговори со Алијансата

Макфакс

11/07/2018

13:53

3.171

Големина на фонт

а а а

Нацрт-заклучоците на Самитот на НАТО предвидуваат дека Македонија денеска добива покана за старт на преговори за членство во Алијансата и зачленување по заокружување на сите внатрешни процедури.

„Во 2008 одлучивме дека НАТО ќе и’ додели покана на ПЈРМ за влез во Алијансата штом се изнајде заеднички прифатливо решение за името во рамките на ООН. Го поздравуваме историскиот договор помеѓу Атина и Скопје за решение за спорот за името. Во согласност со нашата политика решивме да ја поканиме владата во Скопје да започне преговори со Алијансата. Целосна примена на сите предвидени внатрешни процедури во однос на договорот за решение на спорот за името е услов за успешно заокружување на пристапниот процес“, стои во нацрт заклучоците.

Заклучоците го поздравуваат и договорот со Бугарија.

„Ги поздравуваме напорите на владата во последната година и значајниот напредок што е постигнат за одредени итни реформски приоритети и охрабруваме дополнителни реформи за да се зајакне придонесот кон Алијансата. НАТО ги поздравува и напорите за градење мултиетничко општество и повикува на дополнителни напори во таа област. НАТО го поздравува и македонскиот придонес во неговите мисии и меѓународната безбедност“, се наведува во нацрт-заклучоците.

Со оглед на тоа што станува збор за нацрт текст треба да се има предвид дека финалната верзија на истиот би можела да претрпи одредени промени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг