Евтин “Surface”: Ова ќе биде прилично сериозен конкурент на “iPad”

Точка

06/07/2018

16:01

3.058

Големина на фонт

а а а

Ако може да им се верува на гласините кои што кружат на интернет веќе подолго време, Мајкрософт оваа година има прилично големи хардверски планови.

Покрај тоа што е познато дека оваа година речиси сигурно ќе биде претставен хибридниот уред „Андромеда“ кој ќе биде носив уред на преклопување веројатно со флексибилен екран, од Мајкрософт се подготвуваат за претставување на нов модел на “Surface” таблет но со многу пониска цена – уред со кој што оваа компанија директно ќе го нападне “iPad”.

Цената на овој “Surface” таблет би требало да се движи околу 400 долари, ќе има екран со дијагонала од 10 инчи, 4 GB RAM меморија и 64, односно 128 GB интерна меморија. Што се однесува до процесорот, може да се очекува дека овој таблет ќе биде опремен со Pentium Silver N5000 и Pentium Gold Y серијата, додека оперативниот систем на кој што ќе работи секако ќе биде Windows 10.


Од Мајкрософт наводно развивале и нова дополнителна тастатура која што ќе се продава покрај овој уред, а и тастатурата би требало да биде ценовно поповолна во однос на досегашните решенија на компанијата.

Според гласините, новиот евтин модел на “Surface” би требало да биде за 20% полесен во однос на Surface Pro, ќе има нешто послаба батерија, а покрај верзијата само со поддршка за Wi-Fi, од Мајкрософт би требало да претстават и таблет со LTE поддршка кој ќе биде малку поскап.


Со оглед на тоа што новиот “Surface” ќе пристигне со послаб процесор, јасно е дека неговата намена ќе биде пред се за училиштата и студентите на кои што најважно им е пишувањето, сурфањето, уживањето во мултимедиската содржина и слично.



Спонзорирани линкови

Маркетинг