Форд го исмејува Тесла: Вие за 7 дена, ние за 4 часа

Точка

05/07/2018

19:01

3.946

Големина на фонт

а а а

Шефот на Форд во Европа, го исмеа твитот на првиот човек на Тесла, Илон Маск, кој се пофали дека неговата компанија успеала да произведе 7.000 автомобили за 7 дена.

Илон Маск и неговата компанија вложиле максимален напор за да завршат до крајот на јуни со неделното производство на 7.000 примероци на Model 3.

Ова го направиле со леснотија, па покрај 7.000 примероци на Model 3, биле произведени и 2.000 примероци од Model S и Model X, па Маск го сподели неговото задоволство со неговите следбеници на Твитер.

Многу брзо на тоа изреагира директорот на европската филијала на Форд, Стивен Армстронг. Му одговори на Маск дека истиот број на автомобили тие го произведуваат за 4 часа.

Твитот на Форд делува зајадливо, со оглед на тоа дека капацитетите, величината и историското наследство на овие произведувачи, како и типот на автомобилите кои ги изработуваат двете компании, воопшто не се за споредување.

Од друга страна, ако го споредиме само бројот на произведени електрични возила, Тесла би бил пред Форд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг