Совршена казна: Дивееше на автопат, предизвика сообраќајна несреќа и доби 11 месеци затворска казна

Точка

04/07/2018

17:47

7.833

Големина на фонт

а а а

Британец кој што со „слалом“ возење на автопат со својот Мерцедес удри во еден Мини, осуден е на затворска казна, а ќе остане и без возачка дозвола во идните две и пол години.

На македонските автопати често гледаме страшни сообраќајни несреќи кои што во најголемиот случај се предизвикани од несовесни возачи. Возачката и граѓанската некултура, неприлагодената брзина и возењето во алкохолизирана состојба се чести појави на нашите улици, а сето тоа неретко завршува фатално.


Колку чини еден човечки живот и дали некој со својот живот треба да го плати несовесното возење на човек без елементарна возачка култура? Додека со ова прашање, допрва треба да се позанимаваат македонските власти, од Велика Британија пристигнува најдобар пример за тоа каква казна заслужуваат овие возачи.


После сообраќајката која што се случила во 2017-та година, судската пресуда пристигна овие денови. Имено, во пресудаа е наведено дека 36-годишниот Питер Гудфелоу возел бел Мерцедес со брзина од 200 километри на час, притоа претекнувајќи и префрлајќи се од лента во лента за да ги престигне возилата пред себе.

Тој во еден момент ја загубил контролата над автомобилот и удрил во друг автомобил – Мини кој што се наоѓа на крајната лева лента каде што се движат камионите и побавните возила (со оглед на тоа што во Македонија се вози на десна страна, кај нас тоа би била крајната десна лента).

Мини-то удри во заштитната ограда на десната страна од автопатот, но за среќа жената која што управувала со возилото поминала со полесни повреди.

Сепак, тоа не го спречи британското судство да му додели на Гудфелоу затворска казна од 11 месеци поради загрозување на безбедноста и животот на другите учесници во сообраќајот, а тој ќе остане и без возачка дозвола во следните 29 месеци. Покрај тоа, на жената која што го возела Мини-то ќе мора да ѝ плати 140 фунти обесштетување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг