Како ќе изгледа новиот кросовер кој Фолксваген најави дека ќе пристигне во септември...

Точка

03/07/2018

17:34

2.065

Големина на фонт

а а а

Најмалиот кросовер на Фолксваген ќе го носи називот “T-Cross” и ќе биде базиран на моделот “Polo”.

Експанзијата на “SUV” и на „кросовер“ моделите се уште трае со оглед на тоа што има голема побарувачка на пазарот за ваквиот тип на автомобили. Поради тоа, германскиот производител ќе ја збогати својата понуда на ваквиот тип на автомобили со нов кросовер кој ќе го носи називот “T-Cross”.


“T-Cross” за прв пат беше прикажан како концептно возило на Саемот за автомобили во Париз во 2016-та година. Две години подоцна, сега пристигнува продукциската верзија, а од Фолксваген промоцијата на овој автомобил ја започнаа со објавата на дизајнерскиот цртеж на кој што е прикажана задната страна на автомобилот.

“T-Cross” ќе биде „брат близнак“ со “Arona” на Сеат, модел кој што ја дели механичката платформа со “Polo” и “Ibiza”.

Новиот кросовер во гамата на Фолксваген ќе има должина од околу 4,1 метар и ќе ја заземе позицијата веднаш под “T-Roc”. Премиерата е најавена за на есен, а “T-Cross” на пазарот во Европа би требало да се појави до крајот на 2018-та или почетокот на 2019-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг