„Марка” со сензационална вест: Роналдо одби нов договор со Реал, италијански клуб го носи во Серија А

Дерби

03/07/2018

11:59

2.528

Големина на фонт

а а а

Петкратниот освојувач на Златната топка, Кристијано Роналдо кој доживеа елиминација од Светското првенство во Русија најави заминување од Мадрид по крајот на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Реал го совлада тимот на Ливерпул.

Тоа го потврди и„Тутоспорт“ кој напиша дека Кристијано Роналдо одбил договор вреден 26.7 милиони фунти по сезона кој му бил понуден од таборот на Реал Мадрид.

Но, интересна приказна во овој дел е што „Марка“ не чекаше многу да напише дека Јувентус е спремен да плати 120 милиони евра за Роналдо за четири години во редовите на Јуве, односно за плата од 30 милиони евра по сезона . Всушност овој угледен медиум, кој секогаш пренесува проверени информации, потенцираше дека раководството на клубот од Торино, веќе е во преговори со Реал Мадрид за напуштање на кралскиот клуб и преселба во Серија А.