Присутните на панел диксусијата „Република Македонија во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“ во организација на партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија, со извици „Русија, Русија“, го пречекаа рускиот филозоф и ултранационалист Александар Дугин.
Тој во изјава пред медиумите рече дека не дошол во Македонија да им дава политички совети на учесниците на настанот туку да потврди дека Русија е за зачувување на суверенитетот на секоја држава.
„Македонскиот народ сам треба да одлучи за членство во ЕУ и НАТО“, рече Дугин. Тој не одговори конкретно на прашањето како го оценува Договорот за добрососедство со Бугарија и процесот за решавање на името со Грција. „Важно е сите словенски народи да се обединат“, рече Дугин.
На панел дискусијата, освен Дугин, говорници се и Леонид Савин и претседателот и заменик претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев и Стефан Влахов Мицов.