Кучиња скитници искасале жени во Дебар Маало и во Ѓорче Петров

Макфакс

15/02/2018

15:50

1.472

Големина на фонт

а а а

48-годишна жена од Скопје била искасана од кучиња скитници во Дебар Маало.

Според информациите на МВР, вчера во 9.40 часот во Полициската станица Центар, В.Б. (48) од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 12.20 часот додека се движела по улицата Орце Николов, била нападната од повеќе кучиња скитници, од кои едното ја гризнало за коленото од десната нога. По нападот, таа отишла во Градската општа болница „8 Септември“, каде што ѝ била укажана лекарска помош.

Исто така, вчера 20.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Т.Ј. (55) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.30 часот додека се движела по улицата Лука Геров, била касната од куче скитник за левата нога.