ИПИС: Расте поддршката за брзо решавање на спорот за името

Макфакс

14/02/2018

12:25

228

Големина на фонт

а а а

Иницијативата на Владата да се подобрат односите со Грција ја поддржуваат околу 57 отсто од граѓаните, а 23 отсто не даваат поддршка.

За 60 отсто од испитаниците е многу важно спорот да се реши веднаш, а 15 отсто сметаат дека тоа не е воопшто важно.


Дека спорот може да се реши набргу – надеж имаат 49 отсто, а 42 отсто сметаат дека спорот за името би можел да биде решен до крајот на 2018 година.

Ова го покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), спроведено во периодот од 16 до 21 декември 2017 година. Со истражувањето се опфатени 1.113 полнолетни испитаници од земјава, во кое граѓаните ги изразуваа своите ставови за соседните држави, односите со Грција, спорот за името и македонските евро-атлантски интеграции.

Според анкетата, 47 отсто не би прифатиле промена на уставното име за меѓународна употреба со цел Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО за разлика од 2016 година кога 64 отсто одговориле дека нема да прифатат промена на уставното име.

Исто така, 38,2 отсто од анкетирани се изјасниле дека доколку биде постигнат компромис за прашањето за името, би прифатиле промена на уставното име за меѓународна употреба со цел Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО. Повеќе од половина или 53 отсто од анкетираните сметаат дека Македонија не би можела да биде примена во ЕУ и НАТО без да го смени уставното име, а 27 отсто сметаат дека постои таква можност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг