Инстаграм блогерка ја покажува моќта на козметиката за убавина "Fenty Beauty" лансирана од Ријана

Точка

14/02/2018

10:28

2.921

Големина на фонт

а а а

Ријана во јуни 2017 година од својот бренд "Fenty Beauty" заработи повеќе од 14 милиони долари и тоа само после неколку минути откако го лансираше. Минатата недела беше објавено дека брендот на Ријана е на пат за да го надмине брендот на Кајли Џенер, "Kylie Cosmetics".

Големиот успех на Ријана се должи на високиот квалитет на нејзината козметика, која навистина може да направи чуда. Не се работи за тоа колку нијанси на пудри за лице има креирано, туку за моќта на козметиката која буквално може да ги покрие сите недостатоци на лицето, од акни па сè до лузни. 


Кадежа Кан е Инстаграм блогерка која се залага за жените кои имаат несовршено лице да не се срамат од тоа и дека и тие можат да се шминкаат покрај акните. Таа сподели видео на својот профил на Инстаграм со пудра од комзетиката на Ријана, бидејќи сакала да покаже дека пудрата може да го покрие секој недостаток и дека жените можат да бидат што е можно повеќе природни, а да не се срамат од своите "маани".


На видеото покажува каква моќ има оваа пудра, кога првенствено го засилила црвенилото на лицето, а потоа нанела пудра. Погледнете што се случило на крајот:






Спонзорирани линкови

Маркетинг