Димитров на средби со државниот врв на Бугарија

Макфакс

14/02/2018

09:38

354

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска до петок ќе престојува во работна посета на Република Бугарија.

Од Министерството најавија дека Димитров за време на посетата ќе оставри средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, претседателот на Владата, Бојко Борисов, и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Во рамките на билатералната средба со министерката Захариева, која е закажана за денеска, предвидено е министрите да извршат размена на ратификациони документи на договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со што и практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на договорот во сила по неговата ратификација во Собранието на Република Македонија на 15 јануари и во националното собрание на Република Бугарија на 18 јануари.

По покана на високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, Димитров на 15 и 16 февруари ќе учествува и на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг