Шокантни тврдења на поранешниот шеф на ЦИА: Тајни групи влијаат на владите ширум светот! Најозлогласениот пример е во Србија

Точка

13/02/2018

19:52

5.904

Големина на фонт

а а а

Некогашниот директор на ЦИА, Џон Дојч, рекол дека постојат многу групи кои на тајни начини се обидуваат да влијаат на владите ширум светот, а како пример од историјата ја навел и "Црната рака".

"Постојат многу историски примери на групи кои оперираат внатре, покрај или против легитимно или нелегитимно поставени влади. Можеби најозлогласен пример за ефикасна "длабока држава" е тајната организација "Црна рака". Ги предводеше шефот на српската разузнавачка служба, полковник Апис, таа го испланирала заговорот за убиство на австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд во Сараево во 1914. година, по што почна Првата светска војна", рекол Дојч. 

Тој истакнал дека и денес "без сомнение" постојат слични тајни друштва, дека во САД и во другите држави постојат групи кои сакаат тајно да влијаат на владините активности.

"Таквите групи се служат со конвенционални методи како што се лобирање, придонес во кампањите и преку социјалните мрежи влијаат на тоа да се објавуваат нивните пораки", рекол Дојч.


Мислењето е, меѓутоа, дека многумина во САД го злоупотребуваат терминот "длабока држава". 

"Таквата размена на зборови на телевизиските програми, твитови од Белата куќа и коментари во списанијата се многу лоши столбови за градење на теории за постоење на злобни длабоки држави. Параноичните приврзаници на претседателот Трамп зборуваат за тоа дека новата длабока држава прави организиран отпор кон вработените во федералната влада и дека прави напори да му попречи на Трамп во владеењето. Не треба да чуди фактот што многу владини работници, најмногу во цивилните агенции, не ја поддржуваат политиката на Трамп, посебно таа која повикува на намалувањето на буџетот", смета Дојч.

Постојат малку анализи или докази кои се однесуваат на прашањето за постоењето на длабока држава, наведува тој.

"Можеби поедноставно прашање е дали последниве години се појавиле повеќе активности или начини на однесување кои се карактеризираат како да произлегуваат од длабоката држава и дали таквото однесување ја загрозува националната безбедност. Се сомневам во двете тврдења. Значајните закани со кои денес се соочува нашата нација - Иран, Северна Кореја, тероризмот, конкуренцијата со Русија и Кина - не претставуваат централна улога во наративот за длабоката држава. Занимавањето со наводните нови и опасни заговори на американските разузнавачки агенции или незадоволниот персонал во федералната служба и Конгресот не е смртоносна закана за националната безбедност или стабилност. Тоа што е важно, е дека вистинските терористички закани со кои нацијата се соочува, имаат сосема поразлични причини и начини на кои се спроведуваат и имаат поразлично спонзорство", рекол Дојч.

Тој заклучил дека жителите на Америка би требало повеќе да се занимаваат со прашања кои директно влијаат на доброто на земјата: здравствена заштита, климатски промени, иновација и реални закани по националната безбедност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг