"Во рацете ја држи судбината на Ангела Меркел": Овој студент би можел да ја преврти германската политика наопаку

Точка

13/02/2018

16:43

5.012

Големина на фонт

а а а

Го опишувале како политичар со детско лице, кое во рацете ја држи судбината на Ангела Меркел. Некои велат дека социјалдемократ - камиказа, а трети го нарекуваат најталентиран политичар по Герхард Шредер.

Доколку успее во намерата да ја осуети идејата за голема коалиција со чувствителна конструкција, за која минатата седмица зборувале конзервативците собрани околу Ангела Меркел и Социјалдемократската партија, Кевин Кинерт, 28-годишниот студент од Берлин и лидер на подмладокот на Социјалдемократската пратија, ќе влезе во историјата како човек кој ја превртел германската политика наопаку. 

Иако јавноста во средата била известена дека преговорите повеќе или помалку се завршени, договорот за големата коалиција на од блиску не е постигнат. Во наредните неколку недели, драмата ќе продолжи, бидејќи 464.000 членови на СДП биле повикани да гласаат за коалицијата. Кинерт бил лидер на движењето "#NoGroKo", скратено од Grosse Koalition, или голема коалиција, чија мисија е да го спречи тоа за што верува дека би било катастрофално за неговата партија, и за германската демократија. Доколку успее во тоа, најдолгиот мандат на еден европски лидер по 12 години најверојатно ќе заврши.

"Веруваме дека би било многу опасно кога SPD повторно би влегла во коалиција со конзервативци", изјавил Кинерт во ексклузивно интервју дадено по објавата за наводниот договор.

Меркел клучните министерски ресори во SPD, вклучувајќи ги и финансиите, надворешни работи и работата им ја препуштила на социјалдемократите, а раководството на SPD, вклучувајќи го и претседателот Мартин Шулц, биле воодушевени. Ова, меѓутоа, не важи за Кинерт, кој твитувал дека е "ужаснат" од резултатите.

"Финансиите, секако, се клучен ресор во секој кабинет, но канцеларот и натаму е од Христијанско-демократската партија и ниедна одлука која на неа нема да и се допадне нема да може да пројде", рекол тој.

Кинерт се појавил на политичката сцена по пропаста на преговорите за таканаречената Јамајка коалиција минатиот месец, кога Зелените, Слободните демократи и конзервативната алијанса на Меркел се откажале од идејата за формирање на коалиција. Шулц, кој претходно велел дека местото на партијата може да биде само во опозиција, го променил мислењето и рекол дека SPD е подготвена за преговори.

"Социјалдемократската партија наиде на големо одобрување кога најавивме дека својата улога во наредните четири години ја гледаме во опозиција. Сега тоа очигледно заврши, и мислам дека е огромна грешка", рекол Кинерт.

Кинерт е свесен дека денес го гледаат како иден лидер на SDP. Исто така, свесен е за обврската која историски му припаѓа. Тој верува SPD треба да биде главна опозициска партија во Бундестагот, а не крајна десна Алтернатива за Германија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг