Apple Watch може да ги препознае раните знаци на дијабетес со голема прецизност

Точка

13/02/2018

16:30

656

Големина на фонт

а а а

Неодамна спроведеното истражување покажало дека паметниот часовник Apple Watch може да препознае рани знаци на дијабетес во дури 85% од случаевите.

Иако првата верзија на паметниот часовник на Apple не воодушеви премногу, сепак факт е дека Apple Watch од генерација во генерација станува се подобар, со повеќе можности, побрз хардвер и подобар софтвер.

Со текот на времето Apple Watch стана уред за љубителите на фитнесот и здравиот начин на живот. Apple Watch на пример може да ги следи отчукувањата на вашето срце и да ве предупреди на потенцијални проблеми поврзани со работата на срцето. Истражувањата покажале дека Apple Watch и апликацијата Cardiogram која што ги користи и анализира податоците на паметниот часовник, може да го предупреди корисникот ако има зголемен ризик од срцев удар.


Според едно неодамнешно истражување, Apple Watch благодарение на следењето на работата на срцето и анализата на податоците на DeepHeart, може да го детектира дијабетесот во раната фаза од развојот.

Истражувањето било спроведено од Cardiogram во соработка со Универзитетот Калифорнија од Сан Франциско на повеќе од 14 илјади корисници и се покажало дека Apple Watch може да препознае дијабетес со прецизност дури од 85%.


Apple Watch може да го открие дијабетесот со следењето на работата на срцето која што е поврзана со оваа болест, на пример, зголемувањето на бројот на отчукувања за време на мирување или бавното опоравување на бројот на отчукувањето на срцето после вежбање.

Поради тоа, како што открива истражувањето, Apple Watch паметниот часовник врз темел на овие податоци може да предвиди дали постои можност за развој на дијабетес, па корисниците да бидат навреме известени и пред да се појават некои компликации да започнат со превенција или терапија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг