Во организацијата Commonwealth ќе се одржуваат тајни консултации за наследството на кралицата Елизабета II

Точка

13/02/2018

18:27

1.515

Големина на фонт

а а а

Земјите членки на Комонвелт (Commonwealth) кои некогаш ја сочинуваа британската империја започнаа тајни консултации каде ќе се диксутира за тоа кој ќе ја наследи кралицата Елизабета, после нејзината смрт, пренесува Би Би Си. Прашањето е многу чувствително, бидејќи улогата на лидерот на британското царство, односно Комонвелт не се пренесува автоматски на принцот од Велс.


Формирана е група која ќе го разгледа ова прашање за управување со меѓународната организација Комонвелт. Исто така, најавено е дека претставниците на државата ќе ја разгледуваат работата на Комонвелт, но Би Би Си дознава дека најважното прашање е што ќе се случи кога кралицата ќе умре, која во април полни 92 години. 


Групата која е формира ќе поднесе извештај кај шефовите на државата и владата на Комонвелт кои ќе бидат одржани во април и за кои се смета дека ќе бидат последните на кои ќе присуствува Елизабета II.


Други извори на Би Би Си тврдат дека за наследникот ќе се разговара дури на состанокот на шефовите на државата и владата во април и тоа зад затворени врати на Виндзор палатата.

Кралицата е на чело на Комонвелт откако беше крунисана во 1953 година, организација која денес има 53 држави членки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг