BMW 530e: Plug-in hybrid гордоста на Баварците

Точка

09/02/2018

18:30

2.173

Големина на фонт

а а а

Станува збор за "Series 5" автомобил кој што доаѓа со 2.0 литарски, четири цилиндрен бензинец, но и комбинација на 9.2kWh батерија и „мал“ електромотор.

БМВ неодамна ја претстави Plug-in hybrid на "Series 5" моделот, односно BMW 530e хибридниот модел кој што благодарение на батеријата и електомоторот може да помине нешто помалку од 50 километри исклучиво на „батерии“ со максимална брзина до 140 километри на час.

Како што пренесува "Top Gear", за полнење на батериите со помош на стандардниот полнач на автомобилот се потребни 4 и пол часа, односно нешто помалку под три часа доколку инвестирате во BMW i Wallbox системот.


Кога автомобилот вози на погон на моќниот бензинец под хаубата, тогаш 530e вози со „помоќен карактер“, односно од 0 до 100 километри на час забрзува за 6,2 секунди, а максималната брзина изнесува 230 километри на час.

Сепак, една од главните карактеристики на 530e е тоа што Баварците се потрудиле да не ја искомплицираат премногу работата за возачот кој што можеби и прв пат седнува зад воланот на возило кое што има електромотор и може да вози на електрична енергија. 530e не го „бомбардира“ возачот со пренатрупани информации или најразлични опции и режими на возење.


530e овозможува, ако возачот сака да седне во автомобилот и да вози нормална „петка“ на БМВ, тоа и да го добие, наместо да врши разни калкулации и да менува модови. Кога се модовите во прашање, на располагање се „нормалите“ модови Sport, Comfort и Eco Pro кои ги има кај "Series 5", плус три дополнителни за трансмисијата.

Автомобилот го известува возачот ако во резервоарот има мала количина на бензин, или пак му нуди опција пред да стигне на дестинацијата, последните неколку километри да ги вози на електрична енергија со цел да заштеди гориво. Токму поради тоа на "Top Gear" оценуваат дека менувањето од бензин на електрична енергија е еден речиси незабележителен процес кој не ги комплицира работите како кај останатите премиум хибриди.


Кога станува збор за внатрешноста, хибридниот 530e е практично истиот автомобил како и „нормалниот“, со тоа што багажниот простор е помал од 530 на 410, а тоа се должи на батериите кои што се сместени таму. Исто така, вреди да се нагласи дека хибридниот автомобил е потежок за 155 килограми поради електромоторот и батериите, но сепак сето тоа е убаво спакувано и практично незабележливо.




Спонзорирани линкови

Маркетинг