Прекрасна фото авантура: Пет месечно патување низ Европа, поминати 40,000 километри и посетени 17 земји!

Точка

23/01/2018

09:43

2.600

Големина на фонт

а а а

Како случаен турист патувајќи низ Австралија и Нов Зеланд две години по ред, момчето Јохан од Белгија вели дека Европа има толку многу што да понуди во однос на пејзаж и разовидност. Како неискусен патник, сакал да патува на другата страна од планетата за да документира уникатни сцени и да доживее незаборавни моменти. Тој признава дека потребни му биле три години да дознае дека неговиот град Лиеж е помалку од еден ден возење до едни од најубавите планини на светот: Алпите.

После тој момент, тој ги запишал сите земји во Европа кои сака да ги посети за време на летните периоди. Претходно Јохан имал искуства со патувања, но не и со три месечно патување за кое вели дека е совршеното времетраење за  него. Ниту премногу долго, ниту премногу кратко. Сепак, три месеци не му биле доволно за да го истражува Стариот Континент, па си поставил предизвик. Тој сакал да посети три главни региони од Европа и да помине низ 17 земји во период од пет месеци. 

Неговото патешествие го нарекол "Врвовите на Европа", патување кое било поделено на три дела: Северот, Балканот и Алпите. На 15 Мај 2017 година го започнал патувањето, а се вратил на 6 Октомври 2017 година. 145 дена на пат, 17 земји и 40,760 километри поминати. Од 30.000 фотографии тој оддели само неколку кои се најдоа во книгата именувана исто како и неговото патување.

Погледнете дел од неговата авантура која исто така ја сподели на порталот Bored Panda!

Лех, Австрија

Исланд

Соча, Национален парк во Словенија

Шкотска

Норвешка

Мон Блан, Франција

Пелопонез, Грција

Закинтос, Грција

Шкотска

Валбона, Национален парк во Албанија

Дурмитор, Национален парк во Црна Гора

Лофотен, Норвешка

Матерхорн, Швајцарија


Дубровник, Хрватска

Далмација, Хрватска

Швајцарија

Баварија, Германија

Италија





Спонзорирани линкови

Маркетинг