Сиријците со остро предупредување до Турција: Ќе ги собориме вашите авиони!

Точка

19/01/2018

12:30

3.063

Големина на фонт

а а а

Сириските власти се заканија дека доколку Турција започне напад на сириската покраина Африн, тие ќе ги соборат сите турски авиони кои што ќе учествуваат во нападот.

Сириските власти ги предупредија своите колеги од Анкара да не ја започнуваат најавената воена кампања во сириската провинција Африн, истакнувајќи дека нивната против-воздушна одбрана ќе биде активирана и ќе бидат срушени сите турски воени авиони.

Да потсетиме, турските власти пред неколку дена порачаа дека ќе се пресметаат со курдските сили во северната сириска провинција Африн, а исто така и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави офанзива на турската армија.


„Ги предупредваме турските власти дека борбените акции на просторот на Африн ќе се сметаат како акт на агресија на турската армија“, изјави заменик сирискиот министер за надворешни работи Фаисал Мекдад и додаде:

„Сириската против-воздушна одбрана е целосно подготвена да ја собори турската авијација на небото на Сириската Арапска Република“, додаде Фаисал Мекдад.



Спонзорирани линкови

Маркетинг