САД ги предупреди граѓаните: Бидете внимателни во БиХ

Макфакс

18/01/2018

12:10

1.244

Големина на фонт

а а а

Американскиот Стејт департмент ги предупреди своите државјани да бидат внимателни ако патуваат во Босна и Херцеговина, поради опасност од тероризам и мини.

Во текстот во кој предупредупредувањето е подигнато на второ ниво од максимални четири, се наведува дека терористичките групи и понатаму подготвуваат планови за евентуални напади во Босна и Херцеговина.

Се наведува дека терористите би можеле да нападнат со мало или никакво предупредување туристички локации, улици, пазари, трговски центри, локални објекти, хотели, клубови, ресторани, верски објекти, паркови, големи спортски и културни настани, образовни институции, аеродроми или други јавни места.

Истовремено се додава дека ширум Босна постојат мински полиња и мини од кои, и покрај ознаките, годишно умираат или се повредени повеќе лица.