И пратеникот Крсто Мукоски останува во притвор

Макфакс

17/01/2018

14:52

1.055

Големина на фонт

а а а

Советот судии на Апелациониот суд во Скопје не ја прифати жалбата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, и го потврди решението на првостепениот суд, со кое му продолжена мерката притвор.

Апелациониот суд за жалбата на Мукоски расправаше на нејавна седница. За жалбите на Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Борис Дамовски сè уште нема одлука.

Претходно Апелациониот суд ги одби како неосновани и жалбите на другите притворени за настаните од 27 април во Собранието.