Бериша: Ивановиќ го убија кругови на српските ултранационалисти

Макфакс

17/01/2018

11:51

1.265

Големина на фонт

а а а

Поранешниот албански премиер и преседател Сали Бериша, кој е духовен лидер на албанската опозиција, изјави дека убиството врз лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, е дело на кругови на српските ултранационалисти. Бериша на својата официјална страница на „Фејсбук“ оценува дека убиството има политичка заднина.

„Овој е криминален акт кој има цел да му наштети на дијалогот меѓу Косово и Србија. Делото е акт на црната рака на српските ултранационалнисти кои последните годни имаат реализирано слични криминални акти“, напиша Бериша.

Албанските медиуми посветуваат големо внимание на убиството на Ивановиќ и притоа оценуваат дека станува збор за обид на срспките националнистички кругови да се дестабилизираат Косово и регионот. Како електронските така и пишаните медиуми пренесуваат детаљни информации за политичката кариера на Ивановиќ.