Северна и Јужна Кореја на пат кон мир: Делегациите на двете земји продолжуваат со преговорите во понеделник

Точка

13/01/2018

17:26

1.193

Големина на фонт

а а а

Северна и Јужна Кореја се согласиле во поглед на одржувањето на работните преговори на 15. јануари на севернокорејска страна во селото Пан Мун Џом, известува денес јужнокорејското министерство за обединување.

Делегацијата на чело со министерот за обединување, Чо Мјунг Кјун, ќе одржи преговори за перспективите на Северна Кореја, која на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја ќе прати свои спортисти и новинари, стои во соопштението. 

Меѓукорејските преговори се одржуваат наизменично во Куќата на мирот, која се наоѓа на јужнокорејската страна на Пан Мун Џом во демилитаризираната зона, и во Тонгил Павилон на севернокорејската страна. Покрај тензиите, двете земји официјално се уште се во војна.

Министерството во саботата известило дека Северна Кореја предложила одржување на преговори на 15. јануари.

"Министерството побара и брз одговор за јужнокорејскиот предлог кој се однесува на работните преговори за учеството на Северна Кореја на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг", се додава во соопштението на министерството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг