Тој е најбогатиот човек на сите времиња, но и голем скржавец: Еве на што сè троши сопственикот на “Amazon”, погледнете го неговиот автомобил

Точка

13/01/2018

14:58

12.823

Големина на фонт

а а а

Џеф Безос, сопственикот на “Amazon”, стана најбогатиот човек на светот со богатство од 105 милијарди долари.

Иако има многу пари, Безос важи за голем скржавец. Еве на што тој го троши своето богатство: 

Приватен авион

Пред две години, Џеф се почестил со приватен авион “Gulfstream G650ER”, вреден 48 милиони долари. Со него, тој патува на многу луксузни острови како што е Галапагос.

Стара “Honda”

Иако има приватен авион, Безос за секојдневните возења користи стара “Honda” од 1996 година.


Дел од своето богатство, тој и неговата сопруга Мекензи користат и за патувања. За летувања, тие вообичаено бираат луксузни дестинации, но познато е дека сакаат да патуваат и низ Европа, најчесто за време на продолжените викенди. Последна дестинација на која тие биле е Рим.


Вила на Беверли Хилс

Парот живее во вила во Вашингтон, која е вредна 18 милиони долари. Она што е интересно е фактот што прв сосед им е човекот кој токму Безос го симна од тронот на најбогатите – Бил Гејтс. Покрај овој имот, парот има уште неколку вили ширум САД.

Една од нив е и вилата со базен и четири спални соби на Беверли Хилс, за која Безос издвоил 9,5 милиони долари. Вилата има и тениски терен и гаража за шест автомобили.


Музеј за текстил

Безос кон почетокот на 2017 година тајно ја купил зградата на познатиот Музеј за текстил во Вашинтгон – инвестиција која го чинела 14 милиони долари. Во овој регион, негови соседи ќе му бидат семејството Обама и Иванка Трамп и Џеред Кушнер.

“Blue Origin”

Во 2000 година, Безос се вклучи во вселенска трка со основање на компанијата “Blue Origin”.

Пред две години започнаа тестирањата на неговите повеќекратни употребливи ракети за суперорбитални летови, а оптимистичните најави велат дека во неговата понуда наскоро ќе се појават и евтини приватни вселенски летови.

Со цел да ги финансира овие истражувања, Безос секоја година продава акции во “Amazon” во вредност од еден милион долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг