Вистинската приказна за Моби Дик: Кога китот го уништил бродот, морнарите со месеци лутале по морето – на крајот почнале меѓусебно да се јадат

Точка

13/01/2018

13:21

3.088

Големина на фонт

а а а

Неговото име како веќе да му ја доделило судбината која го очекувала, но приказната за Овен Кофин (Coffin – мртовечки сандак) сепак останала бесмртна во делото на Херман Мелвил, Моби Дик.

Овен, роден во 1802 година, бил син на Ненси и Хезекиан Кофин. Тој уште како тинејџер станал морнар и многу брзо завршил на прекуокеанските пловидби. Овен бил помошен морнар на бродот Есекс од Нантакет, кој тргнал на експедиција за ловење на китови во 1819 година. 

Со бродот управувал неговиот роднина, Џорџ Полард. Во ноември 1820 година, пленот станал опасен непријател – Есекс бил потопен од огромен кит кој два пати го удрил бродот. Еден од членовите на посадата го опишал вториот, финален удар:

“Се свртев и видов како се приближува со двојно поголема брзина од нормалната. Се чинеше како да доаѓа полн со бес и жеден за освета во секој можен облик. Водата се одбиваше од него додека тој непрекинато и насилно удираше со опашката по површината. Китот го проби трупот на бродот насред самиот Пацифик, а Есекс набрзо потона”.

Екипажот во првиот момент успеал да ја зачува својата трезвеност и да побегне преку малите дрвени чамци за спасување. Со себе имале залихи на храна кои биле доволни за два месеци.


Сепак и по два месеци, тие сè уште пловеле по океанот. До јануари 1821 година, речиси сосема изгладнетите морнари почнале да ги јадат оние кои први починале. На крајот останале четворица луѓе на екипажот меѓу кои и самиот Овен. Тие се договориле да влечат сламки – оној којшто ќе ја извлече најмалата, ќе биде убиен а потоа и изеден. Во спротивно, сите четворица би умреле од глад.

Овен Кофин изгубил на оваа “лотарија”, извлекувајќи ја најкратката сламка. Капетанот на бродот доброволно се пријавил да го замени во жртвувањето, но храбриот Кофин одбил, велејќи дека тоа е исправно со цел другите да можат да живеат.

Нивниот чамец бил конечно забележан на брегот на Јужна Америка, на 23-ти февруари 1822 година, по 93 дена на отворениот океан.

Херман Мелвил го навел потонатиот Есекс како главна инспирација за неговото ремек дело, Моби Дик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг