Адвокатот на Трамп платил 130.000 долари на порно ѕвезда, за да ја спречи да зборува за сексот со американскиот претседател

Точка

13/01/2018

12:50

2.998

Големина на фонт

а а а

Трамп ја запознал Стефани Клифорд, која во филмовите за возрасни го користи името Сторми Даниелс, на еден голф настан во 2006. година.

Личниот адвокат на Трамп се договорил со порно актерката да и исплати 130.000 долари, за да ја спречи да проговори за наводната секс афера со Трамп, се наведува во извештајот кој во петокот го објавил "Wall Street Journal"

Трамп ја запознал Стефани Клифорд, која во филмовите за возрасни го користи името Сторми Даниелс, на еден голф настан во 2006. година. Тоа било само една година откако стапил во брак со Меланија.

Клифорд својата приказна ја изнела за "ABC News" во есен 2016. година, а се однесувала на наводната врска со Трамп, пренесува NBC News.

Меѓутоа, еден месец пред изборите за претседател на САД, таа добила 130.000 долари, па нејзината приказна никогаш не го видела светлото на денот.

Клифорд за својата афера со Трамп наводно зборувала со списанието "Slate", а главниот уредник на тоа он-лајн списание истакнал дека порно актерката му признала дека имала афера со Трамп.

Во петокот Белата куќа издала соопштение во кое се наведува дека приказната на "Wall Street Journal" е стар и демантиран извештај кој е објавен и демантиран уште пред изборите.

Адвокатот на Трамп исто така го обвинил овој медиум дека објавува лажни вести повеќе од една година.

Неколку дена пред изборите во 2016. година, била објавена приказната дека National Enquirer и платил 150.000 долари на поранешната плејбој зајачица Карен МекДугал, за да молчи за својата врска со Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг