(Видео) Мицкоски: Новите членови на Извршниот комитет се искусни политичари

Макфакс

12/01/2018

22:52

1.446

Големина на фонт

а а а

Силно мотивирани индивидуи, луѓе кои голем дел од животот го поминале во партиските структури, искусни политичари. Вака лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, ги опиша членовите на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа избрани вечерва на седница на Централниот комитет.

„Убеден сум дека во периодот што следува ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на здрави нозе и ќе можеме што е можно побргу да издејствуваме предверемени парламентарни избори. Промените во составот на Извршниот комитет се сериозни, очекувам да придонесат сериозно во партијата. Централниот комитет ги усвои речиси едногласно, со еден глас „против“ од 115 присутни на ЦК. Ова е првична бројка од 26 члена на Извршниот комитет и тој ќе се проширува. Оваа структура во следните две години ќе биде официјалнно тело во првична верзија, но во периодот што следува постои простор за зголемување на бројот на членови“, рече Мицкоски.


На прашањето зошто Антонио Милошоски и Илија Димовски не се дел од новото раководство, Мицкоски истакна дека и двајцата се прекрасни личности кои биле на функции и придонеле за партијата, па доколку соодветствува со нивните амбиции, не е исклучена никаква можност и би можеле понатаму повторно да бидат дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан зошто Димовски не бил повикан на седницата, Мицкоски образложи дека биле повикани само членовите на Централниот комитет, а на Илија Димовски со завршувањето на функцијата координатор на пратеничкаа група му престанал мандатот како член на Централниот комитет, што било случај не само со него туку и со уште неколку претставници од Унијата на жените и Унијата на млади сили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг