Избрани новиот генерален секретар и потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

12/01/2018

19:44

3.093

Големина на фонт

а а а

Поранешниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие, Игор Јанушев е избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот Централен комитет на партијата.

За потпретседатели беа избрани екс министерот за транспорт и врски – Владо Мисајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци – Митко Јанчев, и поранешниот пратеник Александар Николовски.

Јанушев беше споменат во бомбите на СДСМ за незаконско издавање на лични карти. 

На Централниот комитет не беа поканети Илија Димовски и Антонио Милошоски, кои се потписници на отвореното писмо со кое јавно се критикуваше изборот на Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг