Спектакл на "CES": Дронови го осветлија небото над Лас Вегас

Точка

12/01/2018

17:50

806

Големина на фонт

а а а

Небото над Лас Вегас синоќа беше осветлено од светлечки дронови кои што направија вистинско шоу над популарната фонтана пред хотелот „Белаџио“.

Светлечкото шоу со синхронизираните дронови е направено по повод одржувањето на најголемиот саем за потрошувачка електроника - "CES" во Лас Вегас каде што деновиве се вперени очите на целиот технолошки свет.

Дроновите се наречени "The Shoting Stars" и биле програмирани за да летаат без да се судрат и да направат синхронизирано летечко шоу.

Светлечкото шоу било организирано од компанијата Интел од каде што соопштија дека биле ангажирани 250 дронови кои што синхронизирано ја менувале траекторијата и боите, а најинтересно е тоа што со нив управувало само едно лице.

Дроновите биле специјално изработени од пластика и пена, им биле вградени ЛЕД светла и поседувале исклучително добар GPS и други сензори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг