Васко Ковачевски е назначен за директор на РЕК Битола

Макфакс

12/01/2018

14:52

231

Големина на фонт

а а а

Управниот одбор на АД „Електрани на Македонија” го назначи поранешниот пратеник на СДСМ, Васко Ковачевски, за директор на РЕК-Битола.

Менаџментот на АД ЕЛЕМ смета дека Ковачевски, заедно со новиот раководен тим кој е поставен, ќе одговори на предизвиците со кои се соочува најголемиот комбинат за производство на електрична енергија во државата и дека неговото познавање на состојбите во РЕК Битола ќе помогне во консолидирањето на овој значаен производствен капацитет, во насока на постигнување поголема стабилност и сигурност на електро-енергетскиот систем на Р Македонија во периодот што следува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг