Тело на исчезнат велешанец пронајдено во водите на Вардар

Макфакс

12/01/2018

11:09

120

Големина на фонт

а а а

Машко тело во фаза на распаѓање било пронајдено во текот на вчерашниот ден во водите на реката Вардар во близина на мостот кај селото Уланци, Велешко.

Увид на местото кај населението познато како „Горна Лака“ извршила екипа од СВР Велес. Прво било констатирано дека се работи за А.Н. (77), кој бил пријавен за исчезнат на 4 декември минатата година. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг