Силва: Пасторе порача дека сака да си оди

Точка

12/01/2018

11:04

854

Големина на фонт

а а а

Кавани и Пасторе не беа повикани за натпреварот на ПСЖ против Амиенс, затоа што не се вратиле во Париз на договореното време.

Стоперот на парискиот тим, Тиаго Силва се обиде да им објасни на новинарите за што станува збор и притоа порача дека Пасторе им кажал на челниците на клубот дека сака да си замине.

„Мислам дека порано или подоцна клубот ќе го врати во екипата Кавани. Ова е многу важен момент за клубот и мораме да останеме заедно до крај, иако двајцата направија лош гест кон соиграчите во клубот. Но, мислам дека тие се уште се наши пријатели и дека за нив е важно за брзо време да се вратат во клубот. Ова се важни моменти за клубот и мора да размислите пред да направите таков гест“, изјави Силва и додаде:

„Мислам дека ситуациите кај двајцата фудбалери се различни. Мислам дека Пасторе кажа дека сака да го напушти клубот, а луѓето од клубот не се согласија со тоа. Со Кавани ситуацијата е нешто поинаква“, изјави Силва.