Ford го редизајнираше Edge и претстави ST верзија

Точка

11/01/2018

18:50

1.990

Големина на фонт

а а а

Моделот кој што првично беше наменет за американскиот пазар и кој од 2016-та година се продава во Европа, доби нов изглед, но и спортска ST верзија.

Актуелниот Ford Edge е на пазарот од 2014-та година, по што компанијата донесе одлука да го ре-дизајнира. Дека автомобилот добива освежување на надворешноста, најдобро може да се забележи на предниот дел каде што е сменета предната маска, односно светлата и браникот. 

Промените се со нешто помал обем позади, а тука дизајнерите на Ford пред се посветиле повеќе внимание на стоп светлата и вратата од багажникот. Секако, редизајнот ќе придонесе овој SUV на Ford да биде уште попривлечен и да се бори со атрактивната конкуренција.


Засега е познато дека моделот на американскиот пазар ќе продолжи да го користи 4-цилиндарскиот 2.0-литарски турбо бензински мотор, а тој кога станува збор за новиот модел е засилен со 4 kW и сега развива 253 коњски сили.

Што се однесува до самата технологија со која ќе биде опремен новиот Ford Edge, најмногу се истакнува системот за предупредување од можен фронтален судир со опција за автоматско сопирање, предупредувањето за друго возило во мртов агол, систем за одржување на возилото во лентата по која што се движи и автоматско подесување на долгите светла.


За купувачите кои што сакаат нешто повеќе, од Ford подготвија и ST верзија која што е опремена со 2.7-литарски V6 би-турбо мотор со 350 коњски сили и 515 Nm максимален обртен момент. Се разбира, погонот на сите четири тркала е стандарден.

Ford Edge и Edge ST за 2018-та година ќе ја имаат светската премиера на саемот во Детроит кој што се одржува во втората половина од јануари.





Спонзорирани линкови

Маркетинг