Харадинај доби албански пасош

Макфакс

11/01/2018

12:22

987

Големина на фонт

а а а

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај доби албански пасош. Според албанскиот весник „Дита“, Харадинај, кој пред неколку дена не доби американсдка виза, станал албански државјанин и притоа добил пасош.

Весникот нагласува дека податоците на Харадинај се внесени во системот на лицата кои имаат албанско државјанство, и притоа се очекува тој деновиве и да го прими албанскиот пасош.

Добивањето албански пасош доаѓа во време кога претседателот на Албанија, Илир Мета, и косовскиот претседател, Хашим Тачи, имаа полемики околу влијанието на добивањето албански пасоши од страна на граѓаните на Косово и нивното користење за патување во земјите од шенген-зоната.

Албанскиот претседател оцени дека тоа може негативно да влијае на албанските државјани.