Што ќе донесе Хојт Ји? Како специјалецот за Балканот на Трамп ќе ги "дисциплинира" Додик и Бакир, но и ќе и наметне дополнителен притисок на Србија

Точка

10/01/2018

18:41

2.298

Големина на фонт

а а а

Поставувањето на Хојт Ји за амбасадор на Сараево најверојатно ќе донесе дисциплинирање на Додик и Изетбеговиќ, но и дополнителни притисоци за Србија во односите со Сараево, Косово, но и во политиката кон Русија.

Ји, инаку, вчера поднел оставка на местото заменик помошник на државниот секретар за Европа и европски работи. Познат како специјалец за Балканот на претседателот на САД Доналд Трамп, на таа позиција бил пет години. Кариерата би требало да ја продолжи во дипломатијата, и тоа на позиција амбасадор во Сараево. 

Иако се споменувало дека ќе биде амбасадор во Македонија, поизвесно е дека неговата следна задача ќе биде во Сараево. Неговото доаѓање во Босна и Херцеговина нема да биде без влијание на Србија, со оглед на односите меѓу Белград и Бањалука, но и ставовите на Ји за определувањето на Србија меѓу Русија и ЕУ.

Во прилог на тоа дека неговото поставување нема да мине без бура, сведочат и изјавите на Додик дека "Ји е остаток од поранешната американска администрација, која води антисрпска политика", но и вчершната изјава дека е шарлатан. Додик е чест гостин во Белград, а иако претседателот Александар Вучиќ секогаш нагласува дека ја почитува целоста на БиХ, не е тешко да се прогнозира дека не се исклучени и предупредувањата за Србија поради проблематичните изјави.

Имајќи во предвид дека Ји неодамна на сред Белград јасно порачал дека Белград не може да седи на две столчиња, алудирајќи на блискиот однос со Русија, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рекол дека очекува притисоци, но дека Србија ќе се држи на својата сегашна надворешна политика.

"Ако решението за Сараево е Ји, не е исклучено тоа да значи дека Западот ја препознава БиХ како следна можна критична точка на Балканот, но и дека на тоа подрачје сака да има силно влијание. Србија ќе се држи до надворешната политика и курсот кој досега го практикуваше", рекол Дачиќ.

Од една страна Додик, од друга односите кон Москва, се предизвици поради кои Србија би можела да се најде под лупата на Ју, што потврдува и директорот на Центарот за регионална политика, Александар Попов.

"Во последните шест месеци Америка почна да обрнува поголемо внимание на регионот. Се виде дека по Македонија САД го врти фокусот кон БиХ, што можеше да се очекува по шпекулациите за "Дејтон 2". Америка сака далеку поактивна улога во БиХ. Хојт Ји значи доаѓање на цврста рака во регионот, а факт е дека кога има цврста рака, работите не излегуваат често од контрола. Тоа ќе се однесува на дисциплирањето на Додик, но и на Бакир Изетбеговиќ, кој исто така дава изјави кои не придонесуваат за смирување. Воедно, за Србија неговото доаѓање ќе значи барање таа држава конструктивно да се однесува кон БиХ. Србија има и други два проблеми, Косово и Русија. Мислам дека околу тие две работи ќе се влегува во завршница и дека во наредните две години многу работи би можеле да бидат побистри и дека Ји би можел да има голема улога", вели Попов.

Сепак, доцентот на Факултетот за политички науки, Бобан Станојевиќ, вели дека Србија погрешно го перцепира Ји како непријател.

"Тоа е погрешно, тој ја спроведува официјалната политика на САД кон Западен Балкан. Ништо не работи по свое убедување, ништо за што нема поддршка од своите работодавци", заклучува Станојевиќ.

Хојт Ји дошол во центарот на вниманието во регионот кон средината на минатата година, откако накратко ги смирувал политичките прилики во Македонија, формирањето на владата, и одржувањето на избори во Албанија.

Додик: Тој е шарлатан

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вчера оценил дека е сосема неважно каде американскиот дипломат Брајан Хојт Ји ќе биде амбасадор, бидејќи, како што вели, тој е минато, и припаѓа во политичка гарнитура која е непријателска кон РС.

"Тој се обиде да биде малку поголем играч од тоа што треба, но во секој случај тој е минато: Каде ќе биде амбасадор, тоа не е важно, може да биде и во Сараево, но политиката на таа гарнитура, поранешната админстрација на САД, беше лоша и непријателска кон РС, и ние така се однесувавме кон нив", рекол Додик.

Коментирајќи дали Ји добил поголемо значење од тоа што треба, Додик вели:

"Тој е еден шарлатан кој тука се обиде да спроведува некои идеји на мал број на луѓе на Балканот. Така се обидоа и со приказната за "Дејтон 2". Тоа не е нова идеја, пред 10 години ја пласираа некои Американци во Сараево, кои сметаа дека сметале дека баш тогаш било време за нов Дејтон, со што би се укинале ентитетите и би се создала унитарна и единствена Босна", рекол Додик.





Спонзорирани линкови

Маркетинг